Политичка криза во Хрватска- Претседателот на Парламентот дае оставка

Претседателот на парламентот во Загреб Божо Петров поднесе оставка и побара да се одржат нови избори, објави “Вечерњи лист”.  “Гласањето за доверба на минстерот за финансии Здравко Мариќ покажа дека во парламентот нема мнозинство. Кризата беше предизвикана од (премиерот Андреј) Пленковиќ, кој го бранеше министерот, знаејќи што се случува во “Агрокор”, потоа се објави во заштита на се што се случува во компанијата, и тоа предизвика мешаница во Хрватска.  Пленковиќ нема право да е на чело на владата, бидејќи нема поддршка од 76 пратеници во Саборот.

Поднесувам оставка од функцијата претседател, единственото решение е закажувањето на избори “, изјави Петров.

Денес парламентот не можеше да донесе одлука по гласањето на доверба на министерот за финансии: “За” и “Против” беа 75 пратеници, а еден не присуствуваше. Претходно партијата МОСТ поднесе до парламентот предлог за распуштање  и за одржување предвремени избори. Тоа лично  го најави Петров, кој е лидер на МОСТ. Владината криза во Хрватска започна кога Пленковиќ  ги разреши четворицата министри – членови на МОСТ, бидејќи тие се изјаснија против министерот за финансии.

“Агрокор” е најголемата приватна компанија во земјата, која се занимава со производство на намирници и со трговија на мало. Компанијата е во должничка криза, нејзините обврски пред руските банки се за околу 1,3 милијарди. Евра (околу 30% од вкупниот долг). На почетокот на април Владата усвои закон за воведување на државно управување во компанијата и почеток на постапка за реконструкција.

 

 

 

04.05.2017 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега