Јагленисаната трска сведочи за ужасот кој го претрпеле во смрттниот час- погребани загинатите од невремето

Сашо и Маријан од Ниш, настрадале од удар од гром додека ловеле риба, обидувајќи се да уловат сом велат нивните пријатели.

Денес на нивниот погреб присуствувале голем број на роднини и пријатели.

Тие биле на риболов со графитни трски, кои се познати дека привлекуваат гром.

Стравичното електрично празнење ја погодило трската која ја држел Сашо, и потполно ја изгорело, но било кобно за двајцата.

Предгодина дена Сашо на истото место уловил сом тежок 15 килограми па оттгаш се надевал дека таму има и поголеми парчиња , а сомот најдобро се лови баш кога грми- вели негов пријател кој исто така ја покажа трската која беше јагленосана.

Безживотните тела ги пронашле роднини на починатите, откако не се јавувале на мобилен тргнале да ги бараат.

-Тргнавме да ги бараме, и се надевавме дека сме се разминале дека тие се веќе дома.Штом се доближивме кон местото, Ацо нивниот братучед истрча од колата и слушнав како вресна „Тие помодреле„ дотрчав и видов дека Сашо е веќе ладен и му немаше помош, а лицето на Маријан сеуште беше топло.Му дадов вештачко дишење, масажа на срце но се беше залудно.Кога стигна брзата помош само констатираше смрт - раскажал таткото на Маријан

 

 

 

 

 

05.05.2017 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега