Гром ја запали куќата на брачен пар осомничени за убиство

За време на невремето во Клисурата кај Сурдулица, гром удри и запали куќа на брачен пар, Виолета (44) и Миле Ивановиќ (54) кои од октомври 2016 година се наоѓаат во окружниот затвор во Врање поради сомнение дека го убиле комшијата Стаменко Голубов.

Од ударот на громот, според пишувањето на Блиц, недовршената куќа целосно изгорела, затоа што од градежните изведби останале само ѕидовите и оџакот.

Осомничените Виолета и Миле Иванов се теретат дека на 30 септември 2016 година околу 16:30 часот на шумскиот пат со мотика и камења го убиле својот прв комшија Станемко Голубов (58).

Foto: Wikipedia/Denis Apel

 

На убиството му претходела жестока расправија поради нерасчистени имотни односи. Конфликтот траел повеќе од 10 години.

Според сведочењата на жителите, Стаменко Голубов не дозволувал да комшиите, на неговата парцела копаат темел за приклучок за вода. Комшиите често се расправале, навредувале, тепале и се суделе.

 

 

 

08.05.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега