Ограбиле бензинска, се забиле во кафуле, а беснеењето го завршиле со рафали (ФОТО)

Ограбиле бензинска пумпа, се забиле во кафуле, пукале… М.Ш и К.Ф. ѝ се познати на хрватската полиција, а синоќа дивееле по Нова Градишка. Инаку, М.Ш. има 196 казнени пријави.

Хрватските медиуми пренесуваат дека двајцата разбојници свратиле на бензинска во Славонски Брод, каде што не платиле сметка, а пота го нападнале работникот. По нападот со автомобил се забиле во кафуле, а полноќното беснеење го завршиле со рафали.

За среќа, никој не е повреден во походот, а осомничените 32-годишниот М.Ш. и 26-годишниот К.Ф. полицијата ги уапсила набрзо по пријавата.

Прво биле повикани да се предадат, но се обиделе да избегаат од задниот влез на куќата во која се криеле, а во која и престојувале. Таму ги дочекале два тактички тима на полицијата и ги совладале со употреба на физичка сила.

 

 

 

 

 

08.05.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега