Од денеска сообраќајци со рачни радари на секој чекор - пресретнувачи пишуваат казни без да го запрат возилото

Сообраќајната полиција на Србија месецов ја спроведува акцијата „Блиц маратон“, во која за 24 часа непрекинато се  ангажирани сите расположливи уреди за мерење на брзината и движење на автомобилите

Сообраќајната полиција во текот на акцијата „Блиц маратон“, на повеќе локации ќе ја мери брзината со рачни радари и уреди за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата наречени „пресретнувачи“

Контролата на брзината на движење  се врши без запирање на возилата на местото на прекршокот.

Доколку возачот кој ќе ја пречекори дозволената брзина не биде запрен на лице место, на сопственикот на возилото ќе му биде доставена информација за прекршокот, со повик да ја плати казната или на полицијата да и достави податоци за лицето кое го направило прекршокот.

Српското МВР наведува дека во текот на претходните акции „Блиц маратон“, на 19 април на радарите се  документирани 3127 прекршоци, пишува во соопштението.

 

 

 

 

 

09.05.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега