Ова е најмалиот овчар кој има само 5 години

Веројатно најмладиот овчар во Србија има пет години, доаѓа од селото Бобово кај Свилајнци и се вика Милутин Јовановиќ.

Малиот чувар на козите е горд на својот татко Војислав (59) со кого дневно минува преку 10 километри за време на две пасења.
 
„Тој е активен, а не само позер. Милутин се грижи за козите од кога проодел, помага во чувањето, ги молзе, ја храни стоката. Обожава да си игра со јарињата, да пие козјо млеко, да трча по нив низ ливадата, додека истовремено учи за природата и светот кој го опкружува. Засега најголемиот проблем е што треба да ја продадме козата, а тоа тој не го сака“, вели Војислав.
 
Како што вели, Милутин секојдневно му прави друштво, без оглед на временските услови.

„Утрото почнуваме околу девет. Прво се храниме со пченка, па ќе ги однесеме козите на одреденото пасиште. Таму внимаваме да не направат некоја штета, затоа што се многу активни, Со нив кружиме, ги враќаме, зборуваме, се дружиме“, гордо објаснува Војкан кој додава дека на фармата се произведува органска, здрава храна.

Foto: Facebook/Vojislav Vojkan Jovanović

 

Покрај 30 кози, чуваат и коњи, свињи и живина.

Foto: Facebook/Vojislav Vojkan Jovanović

 

„Единствен проблем е тоа што сепата се опустошени, не остана никој. Тажно и жалосно е што Милутин нема со кого да се дружи“, заклучува овој фармер, кој само што заврши со првата испасување за денеска.

Другата тура шетање и уживање на чист воздух, таткото и синот ги очекува во пет, кога се до осум вечерта ќе се дружат со омилените домашни животни.

Се до утре, кога ги очекува нова авантура…

 

 

 

11.05.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега