Двајца загинати и седум повредени во железничка несреќа кај Солун

Најмалку двајца луѓе загинаа и седум се повредени откако патнички воз синоќа излета од шините на 30-тина километри од Солун, во местото Адендро. Притоа еден вагон удри во двокатна куќа.

Во вагонот што излетал од шините имало 70 патници кои патувале од Атина кон Солун, извести грчката железница ТРАИНОСЕ. Еден вагон удрил во куќа, а по ударот другите се превртеле на страна. Машиновозачот е во критична состојба.

Бројката на загинати, според пожарникарите и Националната служба за итни ситуации е двајца загинати. Претходно ТРАИНОСЕ извести за четиримина загинати, но подоцна ја избриша информацијата.

Најмалку 12 пожарникарски камиони биле на интервенција, а некои медиуми известија дека од шините излетале пет вагони.

Возот излетал од шините на 200 метри од железничката станица во Адендро, која е на неколку километри од реката Вардар, пред возот да продолжи кон Солун.

 

 

 

14.05.2017 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега