Вооружена драма- изрешетал фудбалер поради сепаре

Фудбалер од фудбалски клуб во Нови Сад, 23- годишниот Вукашин Јелиќ и неговата сестра 27- годишната Анѓа се ранети заедно со уште двакца пријатели во вооружена драма која се случила пред кафуле среде центарот Бачко Добро Поле.

Напаѓачот по пукањето избегал, но полицијата брзо го фатила и уапсила.

Според неофицијалните информации, напаѓачот по доаѓањето во кафулето на прославата на селска слава Свети Василиј Острошки сфатил дека неговото сепаре е зафатено.

Започнала кавга помеѓу Вукашин и напаѓачот, по што сите заедно излегле пред кафулето и тогаш напаѓачот извадил пиштол и испукал неколку куршуми во воздух. Во моментот кога Вукашин се обидел да му го земе пиштолот тој испукал два куршума.

Во пукањето тешко е ранет фудбалерот, кој се здобил со прострелна рана на ногата, неговата сестра и 18- годишниот пријател В.В.

 

 

 

 

 

14.05.2017 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега