Сликар викал мали девојчиња во ателјето- Опасен педофил тргнат од улиците

59- годишниот M.Ш. сликар од Бачка Паланка, е уапсен поради сомнение за педофилија откако бил пријавен од страна на мајката на 13 годишното девојче, откако осомничениот побарал фотки од нејзе и ја повикал кај себе.

Како што пренесува порталот backapalankavesti.com на компјутерот на девојчето се пронајдени докази од коминикацијата меѓу неа и обвинетиот, пораки во кои приведениот побарал фотки од девојчето и повик да дојде дома.

Девојчето била кај сликарот со другарките, на негов предлог, за да, како е наведено, и го покаже ателјето во кое тој слика.

Во моментите на посетата дојде и до контакт кој на полицијата им се увидел како можност за педофилија. Тој во притвор ќе мине 48 часа, а денеска во 13 часот ќе биде спроведен на суд на сослушување, по што ќе биде донесена одлука за понатамошна постапка.

 

 

 

14.05.2017 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега