Се одржа геј парада во Албанија

Организацијата за правата на геј популацијта во Албанија ја одржа годишната парада без инциденти, додека опозицијата во земјата е подотвуваше за протести во Тирана, кои не се поврзани со овој настан. 

Голем број велосипедисти со шарени балони и знамиња го почнаа денеска возењето по патеката долга, 1,6 километри минувајќи покрај шаторите, кои припадниците на опозицијата ги поставија пред канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама.

Лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша ги увери денеска учесниците на геј парадата дека нема да има инциденти, ниту закани во текот на нивното возење, кое почна неколку часа пред протестите.

Парадата беше придружувана од голем број припадници на полицијата. 

Албанија во 2009 година усвои закон против диксриминација, меѓутоа истополовите бракови во оваа земја не се легализирани. 

 

 

 

14.05.2017 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега