Нови американски сили на Косово

Околу 130 американски војници од првиот батаљон со седиште во Тупел, во државата Мисисипи, од 185 полк на авијацијата, ќе бидат распоредени на 10 месеци на Косово во рамки на силите на КФОР.

Војниците прво ќе минат подготовки во американски центри во рамки на програма за испраќање на Косово. Нивното ангажирање е дел од поддршката на НАТО операцијата за стабилност на Балканот, пренесе РТС.

Војниците ќе бидат во единицата за авијација што користи хеликоптери од типот УХ-60 Блекхок. Американската база Бондстил од 1999 година се наоѓа во близина на Урошевац. 

 

 

 

15.05.2017 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега