Како девојчето почина- што велат родителите и нејзиниот брат и кој ќе мора на полиграф

16- годишната КИ.А. е едно неготинсако село починала во болница, каде била однесена со повреда на главата од куршум.

Според нејзиното семејство, девојчето само се повредило играјќи си со пиштолот, а полицијата треба да утврди што точно се случувало таа вечер.

Како што неофоцијално се дознава, девојчето било дома со својот брат, кој вели дека вечерта излегле надвор за да вежбаат пукање.

Кога биле пред куќата, девојчето од џебот го извадило пиштолот и пукнала во воздух. После тоа почнала да си игра со пиштолот префрлувајќи го од една рака во друга, па тој пукнал. Девојчето паднало на земја, а нејзиниот помал брат истрчал до неговите родители по помош.

Девојчето давало знаци на живот, па била пренесена во болница во Неготин, по што била транспортирана до Бор. Но, утрината подлегнала на повредите.

Родителите велат дека пиштолот не бил нивен и го предале на полицијата.

Сите од семејството ќе мораат да се изложат на полиграфско истражување.

 

 

 

15.05.2017 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега