Блокиран пристапот до Facebook за државните службеници во БиХ

Серверот на министерствата го блокираше пристапот до овие социјални мрежи и вработените во државните институции не можеа да пристапат на нив од работните компјутери во текот на работниот ден.

Набрзо потоа беше одблокиран пристапот до Facebook, но уште важи забраната за Instagram и Twitter. 

„Нема никаков проблем со нашите сервери и опремата. Воведовме построги услови за пристапот до интернет. Уште немаме проблеми, но никогаш не се знае што може да направат хакерите. Засега сѐ е во ред“, рече генералниот секретар на Советот на министри Звонимир Кутлеш.

Тој истакна дека Советот на министри не им го блокирал пристапот до Facebook на државните службеници.

Со оглед на тоа дека фотографијата подолу го илустрира спротивното, се поставува прашањето кој ја вовел забраната.

 

 

 

15.05.2017 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега