„Посакувам смрт, од животот ми е мака“- емотивна песна кое девојчето ја напиша, а ќе ви го скрши срцето

13- годишната Гала Савиќ шест месеци трпела насилие од своите врсници поради неизлечивата болест која ја има, а од сега, според зборовите на нејзината мајка, и од директорот на школото, Ненад Мирков.

Таа на 11 мај кога била годишнината на смртта на дечкото Алексе Јанковиќ напиша потресна песна, која ги загрижи сите, а најнапред нејзината мајка.

Гала боледува од булозна епидермолиза, ретко заболување од кое кожата се љупи и создава рани и при најмал допир. Децата кои боледуваат од оваа болест се наречени деца – лептири.

Токму оваа болест била причина да неколку девојчиња кои иделе заедно во школо со неа во „Иван Горан Ковачиќ“, покренат петиција за да ја исфрлат од истото.

„По моето гостување на телевизија, каде им раскажав се за насилието кое Гала го трпи, директорот на школото престана да ни се јавува, вртејќи ја главата од Гала, кога ќе ја сретне во ходниот, не известувајќи ја за натпреварите на кои се пријавила. Директорот тогаш водеше лична војна со родителите и децата се свртеа против нас тврдејќи дека школата се направила според протокол, а стигнуваат и записи од инспекциските служби кои го демантираат“, раскажува за Српски телеграф, мајката на Гала, Џорџија Аксентијевиќ.

Нејзината мајка наведува дека од одделнието се откажале шест деца, а дека таа е сама поради стресто кој го преживува од заболувањето од карционом.

„Не сакам да докажувам дека институциите не функционираат, напротив, се надевам дека ќе реагираат и ќе направат се што им е во надлежност. Не е политика во прашање, туку детето“, заклучува Џорџија.

Директорот на школото наведува дека тврдењата на мајката на Гала се невистинити, и дека школото работи се што е во нивна моќ, како и за времето кога таа ја напишала песната, кога веднаш ја повикале мајка и на состанок.

„Штом ја видовме песната, педагогот ја повика мајка и. Таа е гневна затоа што тврди дека не превземаме ништо, а ние правиме се што е во наша моќ. Немаше инциденти во последните шест месеци, па ќе провериме за што се работи“, изјави Ненад Мирков, директорот на школото „Иван Горан Ковачиќ“.

 

 

 

15.05.2017 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега