Три парламентарани партии во Република Српска поднесе барање за смена на владата

Три партии од Парламентот на Република Српска поведоа иницијатива за смена на Владата на Жељка Цвијановиќ, посочувајќи дека тоа е најлошата Влада во историјата на републиката, а премиерот Жељка Цвијановиќ е „најобичен послушник“ на претседателот Милорад Додик, пренесе Танјуг.

Иницијативата е поднесена од опозициските Партија на демократскиот прогрес, Српска демократска партија и Народно демократско движење.

Документот, со кој се бара гласање недоверба на владата, му е предаден на претседателот на Парламентот на Република Српска, Недељко Чубриловиќ со молба веднаш да биде ставен во дневниот ред на Парламентот.

Лидерот на Партијата на демократскиот прогрес, Бранислав Бореновиќ, за порталот Кликс изјави дека документот содржи „илјадници аргументи“ зошто владата треба да биде соборена. Тој изјави дека се собрани доволен број потписи за вклучување на барањето гласање недоверба на владата во дневниот ред на Парламентот.

-Тоа е најлошата Влада во историјата на Република Српска. Жељка Цвијановиќ е избрана на премиерската функција  со купување пратеници и таа е најобиечн послушник на Милорад Додик, рече Бореновиќ.

 

 

 

15.05.2017 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега