Вучиќ: Албанците нема да успеат да ја покорат Србија- тој филм нема да го гледаат

Преимерот и избран претседател на Србија Александар Вучиќ порача денеска на сите граѓани на Србија дека не треба да се грижат поради изјавата на Рамуш Харадинај, затоа што, како што истакна, нема да има никаква Голема Албанија. Тој, на изјавите на Харадинај, дека Вашингтон треба да ги реши работите меѓу Белград и Приштина, доколку Брисел не може, гледа како на дел на усогласувањето на политиката која ја протежира Харадинај.

Вучиќ во настапот пред новинарите во Пекинг, запрашан да ја прокоментира таа изјава на Харадинај, изјави дека не ја смета како изјава на еден од лидерите на политичката сцена во Приштина.

„Би кажал дека станува збор за усогласена политка од страна на сите, само најдоа свој „протежеа“, Харадинај кој тоа треба да го изговара“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека очигледно постојат „одредени идеи и планви и прикриено согласување со дел од меѓународната заедница“.

 „Јас ги разбирам и ваквите потези и нивната нервоза и зошто тоа мораат да го повторуваат секој ден, разбирам зошто им се брза, но граѓаните на Србија не треба да се грижат, нема да направат никаква Голема Албанија. А јас да им се заканувам не можам, ниту ми паѓа на памет“, изјави претседателот.

Како што рече, Албанците се сериозен народ кој тој никогаш не го потценува.

„Никогаш не сум ги потценувал Албанците, станува збор за сериозен народо, кој мора да го почитуваме. Но, да тие ги покорат Србите, да ја покорат Србија, да ја понижат Србија, да ја уништат Србија, тој филм никогаш нема да го гледаат, па ни тие“, заклучи Вучиќ.

 

 

 

 

15.05.2017 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега