Од синоќа многу земјотреси - тлото се посилно се тресе на Балканот

Од доцна синоќа до утринава се регистрирани многу потреси во Грција, Италија, Албанија, Турција. 

Последниот потрес е регистриран во Албанија, со епицентар во Тирана, на длабочина од 2 километри. Потресот бил со јачина од 3,5 степени по Рихтер. Претходно и други потреси се почувствувани во Албанија со јачина од 2 и 3 степени по Рихтер.

Се стресе и Подгорица, а потресот бил со јачина од 2,1 степени по рихтеровата скала. Потреси има и во Грција и во Италија и во Турција со јачина од 2 и 3 степени.

Тлото во Македонија е мирно, последен земјотрес е регистриран вчера попладне, од 2,2 степени, почувствуван од Грција.

Се надеваме потресите ќе запрат.

 

 

 

16.05.2017 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега