Во Форца или не во Форца?

Игор зел кредит од Форца и сега снима реклами, ограбена банка – нека земат кредит од Форца, деца пред зграда распеани на цел глас “Во Форца, Во Форца, Во Фоооорца”... Феноменот Форца фантастично влезе во нашето секојдневие.

 Затоа, решивме да видиме што се случува на толку многу познатиот веб сајт – www.Forza.mk

 За некого извонредни, за некого непотребни, таканаречените “кредити до плата” дојдоа и кај нас. Сепак, еве што научивме од кредитот кој ние го зедовме...

 -       Дека е брзо, брзо е!

 Навистина, за 15ина минути веќе завршивме со цела процедура и кредитот го добивме во истиот работен ден. Ни требаше само лична карта, немаше стотици документи како што тоа обично бараат на други места при земање кредит.

 -       Дека е лесно, лесно е!

 Леснотијата со која се доаѓа до свеж кеш веројатно треба да ја оправда повисоката каматна стапка. Но, од друга страна ако земеш такси до банка, ако се нервираш поради разни (не)одобрувања на кредити, ако чекаш недели и недели за една обична одлука... Делува многу пологично да земеш “Форца кредит од фотелја”.

 -       Можеш ли да се навикнеш на тоа?

 Брзината и леснотијата со која се зема малиот кредит од 3 до 12 илјади денари се нешто на кое човек може лесно да се навикне. Целата процедура е на интернет, има телефонски број за секакви прашања и се можеш да си завршиш без да станеш од твојата омилена фотелја. Вистина е дека треба да се внимава, да не се дозволи овој лесен метод да се користи за се и сешто. Најдобро е да се користи за кратки потреби, кои треба да решат нешто набрзина. Или како што Игор Џамбазов самиот вели во едно интервју, “Форца се користи за секојдневни работи - кога ти недостига само малку за да оствариш нешто”.

 

 

 

 

25.05.2017 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега