Викендов ќе се поремети сообраќајот во Скопје - проверете на кои улици

Во врска со одигрување на утрешниот меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, на фудалскиот стадион “Телеком арена“ во Градскиот парк  со почеток во 20 часот и 45 минути, СВР Скопје, согласно планот за сообраќајно и физичко обезбедување, утре во периодот од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот во непосредна близина на Градскиот парк.

Односно ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: Бул. “Илинден“, ул. “Ристо Шишков“, ул. “Аминта 3-ти“, ул. “Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион.

 

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по горенаведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за гледање фудбалскиот натпревар.

 

 

 

10.06.2017 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега