Сообраќајот денеска ограничен - еве каде нема да се вози во Скопје

СВР Скопје од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот кои се во непосредна близина на Градскиот парк поради вечерашниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија  од  20.45 часот. 

- Ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: бул. „Илинден“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Аминта Трети“, ул. „Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион, соопшти МВР. 

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по наведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат влезници за натпреварот. 

 

 

 

11.06.2017 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега