Прогласена вонредна ситуација- водата носеше мостови, трактори и автомобили (ФОТО)

Поради обилните дождови кои наврнаа на територијата на Србија, општина Врњачка бања , дошло до голем пораст на локалните водотоци во Грачац,Росовиц и Отроц.

Оштетени се 20 мостови и околу 30 домаќинства, а водата носела автомобили и трактори.Жителите се очајни, бидејќи како што велат, сега немаат ништо.

Проценката и санацијата ќе биде извршена денес, но жителите се сомневаат дека штетата ќе биде надоместена брзо.Тие велат дека вакво невреме досега се нема случено.

Загрозени се неколку куќи и автомобили кои биле паркирани на улица, нанесена е штета на земјоделците и оштетени се ликалните патишта, а коритото на реката проширено.

Претседатело та Општината донесе одлука да се прогласи вонредна ситуација во неколку подрачја.

 

 

 

12.06.2017 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега