Вработете се во Министерството за одбрана - плата до 50.000 денари

 
Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор Службен весник на Република Македонија" бр. 27/2014, 199/2014 и 27/2016) a во согласност со член 22 од Законот за работните односи Службен весник на Република Македонија" бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/ 2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/15 и 27/2016 министерот за одбрана на Република Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 2 (два) посебни советници во Кабинетот на Министерот за одбрана на Република Македонија, на определено време

1. Советник за прашања од областа на надворешна политика (1 извршител) и
2. Советник за прашања од областа на правните работи (1 извршител)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: 
Општи услови (за сите кандидати):

-да е државјанин на Републока Македонија
-да има општа здравствена способност
-со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите за работната позиција под број 1, покрај општите услови предвидени со Закон, потребно е:

-да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 или студии со стекнати 300 ЕКТС од областа на општествените науки,
-да имаат искуство во работата со владини и невладини организации од областа на меѓународните односи и евроатланските интеграции,
-да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија англиски, француски, германски). -Познавањето и надруги јазици ќе се смета за предност,

Кандидатите за работната позиција под број 2, покрај општите услови предвидени со закон потребно е:

-да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 300 ЕКТС од областа на правните науки,
-да имаат положен правосуден испит, положен нотарски испит или положен испит за извршител
-да имаат најмалку 5 години работно искуство.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.
Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заврена кај нотар:

1. Доказ за државјанство на Република Македонија,
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место,
3. Доказ со правосилна судска пресуда не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
4. Уверение диплома за завршен степен на образование,
5. Доказ за познавање њна еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) доколку е предвидено во посебните услови (за кандидати за позиција под бр. 1),
6. Доказ за работно искуство, (за кандидати под позиција бр. 2) и
7. Кратка биографија.

Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40, работно време од 08:30 до 16:30, работни денови: од понеделник до петок. Како посебни услови за работа во кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување на итни и неодложни работи.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува од 35. 000 денари до 50. 000 денари.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Вработувањето на советниците трае најдолго до истекот на мандатот на министерот за одбрана на Република Македонија.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, канидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот на пријавувањето во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Пријавите со потребните документи да се достават до архивата Кабинетот на Министерот за одбрана на Република Македонија, ул. "Орце Николов" бр. 116, 100 Скопје, со назнака "за огласот за посебни советници"
Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во архивата на Кабинетот најдоцна до денот на завршување на рокот на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.

 

 

 

 

12.06.2017 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега