ВИДЕО: Еве каква е состојбата по силниот земјотрес кој зеде и жртви

Најмалку 10 лица повредени, урнати домови, блокирани патишта… ова е билансот на силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди егејскиот брег на Грција.

Епицентарот на земјотресот, што се случил во 15.28 часот по локално време, бил на 11 километри јужно од селото Пломари, на јужниот грчки остров Лезбос, на длабочина од седум километри.

Со оглед на тоа дека епицентарот беше меѓу Лезбос и турскиот град Карабурун, во округот Измир, потресот бил почувствуван во повеќе турски градови, меѓу кои и во Истанбул, Измир и Чанакале и предизвикал голема паника меѓу населението. Турските медиуми јавуваат дека досега се регистрирани 33 вторични потреси.

 

 

 

12.06.2017 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега