Силниот земјотрес ја зеде првата жртва

Телото на една жена е пронајдено во рушевини по силниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала која го погоди западниот дел на Турција и грчкиот остров Лезбос.

Градоначалникот на островот Лезбос, Спирос Галинос изјави дека телото на жената е пронајдено во селото Вриса, на југот на островот. Селото претрпело големи штети од земјотресот.

Најмалку десет луѓе се повредени во потресите на Островот, кој исто така се почувствувал и на западот на Турција, но и на други острови.

Пожарникарите соопштија дека засега нема информации за поголем број жртви или исчезнати.

 

 

 

12.06.2017 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега