Сопругот на Јелена се огласи апсењето на убиецот: "Ќеркичке овој човек ја уби мајка ти"

Месеците поминуваат еден по друг, поминаа 14 од убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, за кое вчера се појави информација дека е фатен камионџија кој извршил повеќе грозоморни дела, а неговата крв била најдена и кај насипот каде беше убиена Јелена.

- Ми се јавија од полиција, ми рекоа убиецот е фатен, се истражува поврзаноста. Доста ми е од нагаѓања. За мене ќе биде уапсен кога официјално ќе се потврди, вели сопругот на Јелена, Зоран Марјановиќ, кој ги живее најтешките мигови со ќеркичката Јана.

Вели дека живее за денот кога ќе и рече на јана, еве овој монструм ја уби мајка ти. 

- Ќе и покажам слика, да знае кој е монструмот, тој ни го уништи животот на сите, вели Зоран.

Според Зоран, хоророт на неговото семејство е веќе направен, но се плаши монструмот да не убие и друга жена.

 

 

 

13.06.2017 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега