Ужас: Бомба под автомобилот разнесе маж (ФОТО)

50-годишниот Слободан Трниниќ од Прнјавор во близина на Шабац, загина утрово во 8 и 30 часот, откако експлодирала бомба која била поставена  под неговиот автомобил.

Возачот од силната детонација и големата количина на експлозив, излетал од возилото, кое е потполно уништено. Телото било на 20 метри од автомобилот, и давал знаци на живот, но на пат кон болницата починал.

Според Српски Пинк.рс, Трниниќ имал криминално досие.Тој во 2002 година извршил обид за убиство, па побегнал во Германија, каде се криел од надлежните органи.Поле апсењето во 2012 година осуден е на 4 години затвор,по одслужување на казната продолжил да се бави со криминални дела.Во 2016 имал еден обид за убиство .

Полицијата е на местото на злосторството  и интензивно се работи на расветлување на случајот.

 

 

 

13.06.2017 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега