Солзи и болка - изгубиле два сина за 10 месеци

Максим Стојановиќ во неделата го снашла трагедија, во која го изгубил и вториот син. Пред 10 месеци тој го изгубил и првиот син.

Игор Стојановиќ починал на 25-годишна возраст во шума во планината Градишница, така што на него паднала смрека и на лице место го убила. 

Ова е втора трагедија во семејството Стојановиќ, бидејќи пред неполна година на стотина метри од домот го изгубиле синот Иван, кој на својот 25-роденден со џип удрил во ѕид на регионален пат.

Иван настрадал на лице место, а во таа сообраќајка настрадале и две девојки.

Единственото преостанато дете, синот Далибор и неговите родители во понеделникот го закопале Игор на градските гробишта.

 

 

 

13.06.2017 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега