Сеизмолошката станица со детали: Земјотрес го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот се случи во 6 часот и 7 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.5. Според досегашните податоци, земјотресот беше најсилно почувствуван во селата на југжните падини на планината Скопска Црна Гора, и тоа во Чучер Сандево, Кучевиште, Мирковци со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала а на подрачјето на град Скопје со интензитет од III степени според истата скала.

 

 

 

15.06.2017 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега