РТС: Вучиќ пресече - Ана Брнабиќ е новиот српски премиер

Српскиот премиер Александар Вучиќ одлучи Ана Брнабиќ да ја состави новата српска Влада, предмалку јави српската државан трелевизија - РТС.

Мандатар за состав на новата влада на Србија е Ана Брнабиќ, соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Новиот српски претседател кажа дека не му било лесно да ја донесе оваа одлука и дека ова не е пораз за СНС или за било кој друго, туку идеја да се пројанде најдобро решение.

Брнабиќ, како што кажа Вучиќ, го известила дека може да обезбеди мнозинство од пратениците во српскиот парламент.

Тој истакна дека Брнабиќ е вредна, поседува стручни и лични квалитети и дека е уверен дека ќе покаже почит кон париите од кои што очекува поддршка, како и дека ќе работи на подобрување на Србија.

Вучиќ кажа дека костурот на владата ќе остане ист, но дека ќе има и одредени промени.

Брнабиќ, како што кажа Вучиќ, ќе го води економскиот дел, преговорите со ММФ, како и процесот на дигитализација, а суштинскиот политички дел од владата ќе го води Ивица Дачиќ.

– Во Дачиќ имам огромна доверба, како и во сите останати коалициони парнтери и верувам дека ќе продолжат да работат како и досега, рече Вучиќ.

На прашањето што му кажала Брнабиќ кога дознала дека ќе биде премиер, тој рече дека му се заблагодарила и дека сериозно разговарале за задачите кои што следат.

Вучиќ рече дека во периодот кој што следи ќе биде важно да се обезбеди јакнење на меѓународниот углед на земјата како на запад, така и на исток.

Брнабиќ е 15. мандатар по ред од 1990. година, односно од започнувањето на повеќепартискиот систем во Србија.

Мандатарот во наредните денови треба да ги соопшти членовите на неговиот кабинет, а претседателот на парламентот треба да свика седница на која што ќе биде избрана новата влада.

Новата влада се очекува да биде избрана до 23. јуни, за кога е закажана инагурацијата на претседателот Вучиќ.

За изборот на владата треба да гласа мнозинство од вкупниот број на пратеници, а по изборот претседателот на владата и нејзините членови даваат заклетва пред пратениците со што започнува нивниот мандат.

 

 

 

15.06.2017 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега