Од утре почнува Баскерфест

Во 2006 година, Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид на фестивал, а оттогаш 12 години по ред шири насмевки низ Скопје и целата држава.

И оваа година, фестивалот ќе има уникатен концепт и десет дена исполнети со мултикултурни настани и атракции под отворено небо,кои навечер центарот на Скопје ќе го претворат во „Стреет Арт" локација со забава за сите генерации.

На градскиот плоштад „Македонија" од 16 јуни до 25 јуни ќе бидат поставени три стејџа каде што ќе се одвива програмата на фестивалот секојдневно од 19:00- 23:00

Ќе има и детско катче за најмалите, каде што децата ќе може да се вклучат во различни забавни активности секојдневно од 18:30- 20:00, а музичката програма пак ќе биде секој ден од 22:00- 01:00. Во склоп на Баскерфест ќе има и пивска градина каде што посетителите ќе може да се освежат во топлите летни денови.

За престојниот Баскерфест се најавени многу интересни артисти од целиот свет меѓу кои Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес и други.

 

 

 

15.06.2017 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега