„Баскерфест“ по 12. пат во Скопје

Над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари се дел од програмата на 12. издание на фестивалот „Баскерфест“ што од денеска до 25 јуни ќе се одржува во Скопје.

Покрај улични артисти и жива музика, посетителите ќе може да уживаат во претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни работилници, ликовни изложби, базар на ракотворби и работилници со артисти.

Манифестацијата се одржува на три локации на плоштадот „Македонија“.

 

Според Сандра Темова, еден од организаторите, најголемата убавина на фестивалот е што е наменет за посетители и граѓани од сите возрасти, бидејќи нуди забава за сите.

- Имаме детска работилница што започнува од 18:30 часот. Настапите на артистите започнуваат од 19:00 часот и траат се до 23:00 часот, додека музичката програма започнува од 22:00 и трае до 01:00 часот, изјави Темова.

Посочи дека ново годинава е што првпат ќе има шоу со балони, како и интересен спектакл на група музичари со ударни инструменти од Романија и повеќе циркуски настапи.

 

 

 

16.06.2017 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа