Страотна несреќа го потресе регионот: Загина 13-годишно дете, мајката се бори за живот
13-годишно дете од Србија загина, а шестмина патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа, коај се случи денеска во близина на Благоевград на југозападот од Бугарија.
Натешко е повредената мајката на загинатото дете, и таа е префрлена во болницата „Пирогов“ во Софија, додека останатите се задржани во болницата во Благоевград.
Повредено е и шестгодишно дете, брат на настраданиот.
Несреќата се случила попладнево на магистаралниот пат од Софија кон грчката граница, кога директно се судриле патнички автомобил од Србија и возило од Софија.
Во автомобилот од Србија била брачна двојка со две деца, а во другиот тројца патници кои се враќале од одмор во Грција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа