Нова трагедија - момче го удри струја

Четиринаесет годишно момче од Хрватска го удрило струја кога паднал од вагон, по што веднаш е префрлен во болница.

На момчето му било изгорено дури 70 проценти од телото и станува збор за тешки опекотини.

Ова се случило кога момчето скокајќи од вагонот се фатил за струјните водови, што довело до краток спој, а потоа ударот го исфрлил од вагонот на земја.

Во моментов се наоѓа на интензивна нега, а докторите уште не сакаат да дадат прогноза, бидејќи се уште трае борбата за неговиот живот.

 

 

 

20.06.2017 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега