Поднесени над 2.600 барања за субвенции за купување на велосипед

Градот Скопје до денеска /20.06.2017 година, вторник/ прими над 2.600 барања за добивање субвенции за купување велосипед на граѓаните што купија нов велосипед и се пријавија на распишаниот јавен повик, со што се исцрпени средствата предвидени во буџетот за оваа намена.

Поради тоа од утре /21.06.2017 година, среда/ нема повеќе да бидат примани нови барања за субвенции за надоместок на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди.

Комисијата активно ги разгледува пристигнатите барања, по редоследот на поднесувањето на барањата и изготвува решенија за исплата на средствата на граѓаните коишто ги поднеле. 

Имено, со цел да ги стимулира граѓаните во што поголем број да го користат велосипедот како превозно средство, Градот Скопје на 13.05.2017 година објави јавен повик за надоместување дел од трошоците при купување велосипед, односно средствата што ги надоместува Град Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари, нето износ, по лице.

 

За оваа намена Градот Скопје одвои 10 милиони денари. 

 

 

 

20.06.2017 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега