Kонференција за вклучување на граѓанскиот сектор во реформскиот процес на Поглавје 20

Конференција за промоција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ финансиран од Европската унија, ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центар во Скопје.

Главната цел на проектот е активно вклучување на граѓанскиот сектор во реформскиот процес на Поглавје 20 преку структурирани напори од страна на мрежата на граѓански организации „ЈЕС Нетворк“.

На конференцијата ќе учествуваат претставник од Делегацијата на Европската унија, како и од партнерските организации вклучени во имплементацијата на проектот: ПСМ Фондација, МИР Фондација и Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци.

Проектот предвидува и финансиска поддршка преку грантови за граѓанските организации со вкупен фонд од 60.000 евра за осум национални и локални проекти.

 

 

 

21.06.2017 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега