Прв отворен ден на GS1 Македонија во Скопје

Првиот отворен ден на GS1 Македонија на тема „Дали сте подготвени за дигиталната ера во трговијата“, ќе се одржи денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

На отворањето на настанот ќе се обрати генералниот директор на „Алкалоид" АД Скопје, Живко Мукаетов.

Од GS1 Mакедонија информираат дека GS1 SmartSearch помага во зголемувањето на онлајн продажбата на продукти и повикуваат на искористување на можноста за да се дознае повеќе за GS1 SmartSearch отворениот стандард за веб презентирање на производи создаден во соработка со Интернет пребарувачите меѓу кои и најголемиот Google, стандардизационите тела W3C и членките на GS1 ширум светот. 

 

 

 

21.06.2017 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега