Девојката го одведе во смрт

После повеќе од 24 години од смртта на Дражен Петровиќ, повторно се вратија спомените на хрватскиот кошаркарски виртуоз. петровиќ загина во сообраќајна несреќа, откако голфот со кој се возеше, се судри со камион.

Зад воланот на Голфот беше тогашната девојка на Петровиќ, Клара Саланци. Таа и сопатничката на задното седиште преживеаа, додека Дражен кој спиел на совозачкото седише, почина од силината на ударот.

И по речиси четврт век од несреќата, некогашната германска манекенка Клара, нема прозборено за несреќата. Таа сега е мажена за некогашниот германски фудбалски репрезентативец Оливер Бироф. Луѓе кои барем малку ја познавале Клара во тоа време, велат дека се фалела како сака да вози брзо. 

„Се сеќавам дека се фалеше како сака брзо да вози. Имав впечаток дека она единствено сака да биде со некоја ѕвезда, а Дражен и даваше внимание. Не беше тоа некоја голема љубов, но поради нејзе, Дражен реши да го смени планот, што не беше карактеристично за него“, рече Марио Миоциќ, кој бил пријател со Дражен, а имал можност да ја запознае и Клара. 

 

 

 

22.06.2017 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега