Колегите на Ѓоша во солзи се простија од него: "Многу работеше, малку мислеше на себе"

Шок и неверување по веста за смртта на актерот Ѓоша. Тој почина утрово на 49. годишна возраст, во својот дом, од срцев удар.

Неговите колеги се во шок и не можат да се помират со загубата на омилениот колега. 

- Многу ми е жал, многу ме потресе веста. Остави една трага која нема да се избрише никогаш. Ќе го паметиме по хуморот, колегијалноста и добрината, вели Сузана Манчич.

И директорот на Гранд, Саша Поповиќ е скршен од болка.

- Многу ме погоди веста за загубата, ова е огромна и ненадоместлива болка за семејството, но и сите нас кои имавме среќа да го запознаеме во животот. Тажна вест, тажен ден, сочувство до семејството, вели Саша.

И пејачката Каја која со него беше во „Твоето лице звучи познато", вели дека ова е огромна загуба и дека сеуште не и се верува.

Актерката Снежана Савиќ со емотивна изјава се прости од него:

- Што да кажам, педесет години живот, тоа е толку малку. Го познавав и сакав, беше талентиран и духовит, многу работеше, малку мислеше на себе, вели таа.

Тажната вест одекна во регионот. Нека почива во мир.

 

 

 

 

22.06.2017 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега