Строги правила за инаугурацијата на Вучиќ - никој не смее да го прави ова

Палатата Србија денеска ќе прими неколку илјади високи гости, а прусуството на овој настан веќе го протврдија брoјни шефови на држави и претседатели на влади, како и министри и други јавни личности од Србија и светот, за инаугурацијата на Вучиќ.

Меѓу гостите ќе бидат претставници од земјите од регионот Црна Гора, Хрватска и Македоија, Филипч Вујановиќ, Колинда Грабар – Китарови и Ѓорѓе Иванов како и потпретседателот на Бугарија Илијана Јотовоа. Во Палата Србија се очекува повеќе илјади луѓе а гостите ќе ги обезбедуваат припадниците на најелитната единица МУП и на војската.

На денот на инаугурацијата и на самата свеченост, има строги правила и протоколи кои никој не смее да ги прекрши. На свеченоста никој не смее да игра на музиката, ниту да претерува со алкохол.

Исто така, правило е со претседателот само да се ракуваат присутните и да не се задржуваат олго време. Разговорот не смее да биде подолг од десет секунди.

Со оглед на тоа дека 5.000 лица не ги собира во една сала, тие ќе кружат во повеќе сали и холови. Секоја сала ќе биде различно декорирана, и ќе се служат традиционални јадења.

 

 

 

23.06.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега