Мајката на Ѓоша очајна: "Мојот син не спиеше со денови, умре со болка во душата"

Зорка Митиќ, мајка на трагично починатиот актер Богољуб Митиќ Ѓоша, со неизмерна така откри дека нејзиниот син последните денови ги поминал под огромен притисок и со болка во душата. Таа изјавила дека нејзиниот син со години се носи со проблеми за кои не е виновен, а со кои не можел да се избори. Поради луѓето кои му долежеле, немал пари да ги исплати колегите, потоа аферата „кокаин“, која го погодила неговото семејство, сѐ во голема мера влијаело на срцето на секогаш расположениот Ѓоша.

-„Му останаа должни, тој од свои пари ги плаќаше актерите, а веќе немаше доволно. Толку многу се нервираше, не можеше да јаде со денови, му беше тешко. Некои колеги го тужеа за пари, некои му простија... кој како. Секој ден се нервираше, а немаше пари, парите не му ги враќаа должниците. Сето тоа го уби.“ - открила Зорка.

Таа споменала уште еден болен период од животот на актерот. Тој минатата година бил обвинет за поседување на 50 гама кокаин, со информација дека го продавал на колегите, а половина бил за лична употреба, што тој веднаш демантирал.

Мајката на познатиот комичар не може да прифати дека нејзиниот син не е меѓу живите.

-„Веднаш знаев за што се работи, веднаш. Секогаш му зборував дека мора да внимава, бидејќи ги има тие наследни компоненти, татко му почина од инфаркт. Го молев да ослабе и му велев дека е опасен неговиот начин на ќивот. Видов дека пред неколку дена го нема да води „Парови“, секогаш ги следев неговите емисии. Прашав за што се работи, а тој ми рече дека е многу болен. Рече дека кашла и дека го боли грлото, но дека децата му донеле лекови, па дека ќе помине. После тоа замина во Нови Сад, адвокатото му рекол да оди во болница, меѓутоа, тој рекол дека има температура, но дека се чувствува подобро. Дошол дома и еве што се случило.“ - низ солзи објаснувала мајката.

 

 

 

23.06.2017 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега