Возач на автобус во Белград малтретирал патници, имало и бебенце: "Ќе правам што сакам, ми се може"

Возач на автобус од Градското сообраќајно претпријатие на Србија, малтретирал патници меѓу кои имало и стара жена и бебе, и тоа без никаква причина. Како што пишуваат српските портали, оваа драма се одвивала на 20. јуни во Белград, кога возачот на линијата 601, почнал нагло да кочи, и да им вика на патниците, „што е се исплашивте ли, сега ќе видите вие".

Постара жена тогаш паднала, во автобусот имало и мајка со бебе, а вкупно имало десетина патници.

Тој почнал да вози брзо, нагло да кочи и да се смее, а патниците се испаничиле, некои паднале и се повредиле. Потоа тој излегол од автобусот и им рекол дека не им ја отвара вратата бидејќи "му се можело", иако внатре било пеколно топло.

Инаку, се работи за возач на приватен автобус, кој на крајот бил совладан од патник.

Полицијата превзема мерки за настанот.

 

 

 

 

23.06.2017 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега