Бик прекина фудбалски натпревар (ВИДЕО)

Пријателски подготвителен меч меѓу екипата Ботев и АЕЛ од Лимасол во близина на Софија беше прекинат од многу необични причини – бик влезе во теренот и полека се прошета по него.

Освен бикот, на теренот подоцна се најде и куче, а од аголот „демнеја“ овци и свињи.

Интересен беше и освртот на бугарскиот ТВ коментатор на оваа појава кој рече дека „тоа го има само во Бугарија“, но многумина на социјалните мрежи искоментираа дека „тоа го има само на Балканот“.

 

 

 

 

23.06.2017 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега