Шокантни детали: Го убила сопругот па го исекла на делови и го закопала на различни локации

После информацијата дека 55- годишната Милка Катановиќ го убила својот сопруг, 59- годишниот Војслав од Босна, а потоа во полиција пријавила дека е изчезнат, на виделина излегоа детали на овој монструозен чин.

Имено според информациите до кои стигнаа тамошните медиуми, полицијата се шокирала кога сфатила дека Војслав не е изчезнат туку е брутално убиен и исечен на делови.

Трупот е пронајден закопан на дива депонија, половина километар од нивната куќа, а рацете и нозете му биле одсечени и фрлени вио ѓубре.

Иако мотивот не и е познат на полицијата, ниви познаници велат дека Војслав често бил под дејство на алкохол, поради што често доаѓало до расправии во семејството.

Судот на Милка и одредил затвор додека е сличајот во истражување а и се заканува и строга затворска казна поради тешко убиство.

 

 

 

23.06.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега