За градежни материјали и гориво лани потрошени 12,9 милијарди денари

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 12.925.251.000 денари, што е за 11,1 отсто повеќе во однос на претходната година, соопшти Државнио завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата „Материјали за врзување“ со 4.630.015.000 денари (35.8%), потоа следат групите „Потрошено гориво“ со 1.774.866.000 денари (13.7%), „Изолациски материјали и премази“ со 1.487.167.000 денари (11.5%) итн.

 

 

 

24.06.2017 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега