Големо олеснување од ЈП „Водовод“ за сите кои имаат заостанати сметки за вода

Јавното претпријатие „Водовод“ соопшти дека по барање на граѓаните е обнована одлуката за ослободување од камата за заостанат долг за вода. 

Од претпријатието информираат дека можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември.

Физичките лица кои имаат заостанат долг од 10 до 30 илјади денари ќе може да го отплатат на четири рати, долг од 30 о 50 илјади на шест рати, од 50 до 70 илјади на осум рати, од 70 до 90 илјади на 10 рати и над 90 илјади на 12 рати.     

Компаниите кои имаат долг за вода може да го исплатат на две рати доколку долгот им е од 10 до 50 илјади, на три рати ако долгот е од 50 до 100 илјади, на четири од 100 до 150 илјади, на пет од 150 до 200 илјади и на шест рати над 200 илјади денари.

- Ослободувањето од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн, велат од Водовод.

Со одлука на Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, социјалните категории на граѓани кои имаат заостанат долг може да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото. 

 

 

 

04.07.2017 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега