ВИДЕО: Стада диви свињи секоја вечер се спуштаат до урбанизираните делови на Водно

Се охрабрија ли дивите животни да слезат во градот или пак луѓето се пренаселија во шумата. Снимката која пристигна во редакцијата на Сител отвора многу прашања. Стадо диви свињи се редовни гости во најскапиот дел за живеење во Скопје, Водно. Се гледа како бараат храна во грмушките до улицата но и  околу станбените згради. Дивите свињи исплашени бегаат назад во шумата од автомобилите.

Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат "Диви свињи од секогаш имало на Водно, со прогресивната урбанизација се стеснува нејзината животна средина. И досега имало примери диви свињи да се приближат до урбана средина но тоа се случува исклучиво касно во ноќта бидејки дивата свиња е исклучиво ноќно животно. Опасноста од нив е минимална бидејки кога ќе насетат човек бегаат, пренесе Сител.

 За преземање на било какви мерки во врска со појавата на диви свињи одговорни се од парк шумата Водно која е под надлежност на ЈП Паркови и зеленило.

Ловот на диви животни не е дозволен на Водно, но имало случаи кога диви ловџии поставувале разни стапици, сајли кои се опасни и за луѓето. Медиумите бележат и голем број сообраќајни несреќи предизвикани од диви свињи токму на овие фреквентни улици кои водат до Средно Водно. Локалните власти велат безбедноста на улиците на Водно не е на највисоко ниво, но не можат никако ниту пак е законски да забранат движење на возила поради присуството на животните.

 

 

 

 

10.07.2017 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега