Царинските приходи во првите шест месеци повисоки за 8,6 отсто

Царинската управа на Република Македонија во првата половина од 2017 година оствари приходи во износ од 36,8 милијарди денари, што претставува за 8,6 отсто повеќе од истиот период во 2016 година, односно 5,7 проценти повеќе од планираните приходи за овој период од годината.

Царинската управа соопшти дека по основ на ДДВ се прибрани 22,05 милијарди денари, што претставува за 11,5 отсто, односно за 2,3 милијарди денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година и за 6,3 отсто повеќе од планираните приходи од ДДВ, од царина 2,5 милијарди денари, што е за  8,9 отсто, односно за 204 милиони денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година и за 4,5 отсто повеќе од планираните приходи од царина, од акцизи 11,9 милијарди денари, што претставува за 4 отсто, односно за 454,1 милиони денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година и за 5,1 отсто повеќе од планираните приходи од акцизи. Од надоместоци се прибрани 307,7 милиони денари, што претставува за 6,6 отсто, односно за 21,9 милиони денари помалку од наплатените во  истиот период во 2016 година и за 1,8 отсто помалку од планираните приходи од надоместоци.

Царинската управа на Република Македонија, задржувајќи постојан тренд на зголемување на наплатата, очекува да го исполни и да го надмине планот за наплата на давачки за 2017 година. 

 

 

 

12.07.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега