Во оваа општина ќе најдете парцели со цена од 61 денар за метар квадратен

Општина Гевгелија денеска понуди на продажба седум градежни парцели за изградба на станбени куќи и една градежна парцела за објекти од лесна индустрија кои по пат на електронско јавно наддавање ќе се продаваат со почетна цена од 61 денар за метар квадратен.

Парцелите за станбени куќи се наоѓаат во населбите Моински пат, Караорман и Мрзенски рид, а парцелата за објекти од лесната индустрија е лоцирана крај Моински пат. Најмалата парцела наменета за изградба на станбени куќи има 304 метри квадратни, а најголемата која е со посебен режим има 1.120 метри квадратни и се наоѓа на Мрзенски рид. Парцелата за објекти од лесната индустрија има 2.684 метри квадратни.

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 7 август за парцелите за станбени куќи, односно до 14 август за парцелата за лесна индустрија. Електронското наддавање за станбените парцели ќе се одржи на 9 август, а за парцелата за лесна индустрија на 16 август.

 

 

 

 

14.07.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега