Трајановски: Градежните работи за целосна реконструкција на улицата „Кемал Ататурк“се во завршна фаза

Градежните работи за целосна реконструкција на улицата „Кемал Ататурк“се во завршна фаза, каде поставени се рабниците и оваа улица набргу ќе биде асфалтирана, напиша на својот Фејсбук профил скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој изврши увид во градежните работи.

-Изминатава година на оваа улица се вршеа поголем број на градежни активности во рамки на капиталниот проект за изградба на атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“.Со изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се подобри одведувањето на атмосферските води од овој дел на општината Чаир и ќе се реши деценискиот проблем на околните жители, соопшти Трајановски.

За изградбата на оваа атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“ Градот Скопје ќе вложи околу 23 милиони денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

15.07.2017 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега