Свадбата се претворила во хорор: Починале на лице место, тешка сообраќајка

Во тешка сообраќајна несреќа во Србија, настрадаа две лица, а уште шест се повредени. За трагедијата да биде поголема, тие се враќале од свадба.

Несреќата се случила ноќта меѓу саботата и неделата, а имала трагичен епилог. Се судриле две возила, а едното се враќало од свадба. На лице место загинале 49годишниот Маринел Вуковар и 20-годишната Марина П. која била кума. Во несреќата уште шест лица биле тешко повредени.

Инаку, и невестата седела во автомобилот на кумата како совозач, но останала жива. Повредени се и две деца на возраст од 17. и 18. години.

Двата автомобили се враќале од свадба, кога едниот удрил од позади во другиот при што се забиле во банкина.

 

 

 

 

 

 

 

17.07.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега